Естебан Окон, возачот на Алпин, без пит-стоп ја заврши вчерашната трка за Големата награда на Турција. Ваков случај имало и пред 24 години, во Монако, кога за Тирел возеше Финецот, Мика Сало.
Големата награда на Турција ја обележа дождот, поради што возачите возеа со интер-медиа пневматици. Сите ја завршија трката, а само Окон, ниту еднаш не ги посети своите механичари. Окон на крајот го освои десеттото место.
Големата награда на Турција му припадна на Валтери Ботас од Мерцедес, пред возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез.
It's been a while since a driver completed a race that wasn't red-flagged without making a single pit stop ?
The last time we saw this was Mika Salo scoring Tyrrell's final points in #F1 ?#Formula1 #TurkishGP #Autosport pic.twitter.com/ByGxJ1SYtf
— Autosport (@autosport) October 10, 2021