Лидерот во Формула 1, Оскар Пjастри, изјави дека е „подготвен“ за притисокот што го носат последните седум трки од сезоната и финалната битка за светската титула.
Пjастри води со 25 поени пред својот тимски колега во Мекларен, Ландо Норис, кој во Баку освои само шест поени, додека Оскар отпадна. Третопласиран е Макс Ферстапен, на 69 поени зад лидерот.
Пјастри истакна дека искуството што го стекнал со освоените титули во Формула 3 и Формула 2 ќе му помогне во неговата прва сезона како кандидат за титулата во Формула 1.
„Кон крајот на сезоната ќе има повеќе притисок, но јас сум подготвен за тоа“, објасни Пиастри. „Сум бил во слична ситуација и порано, во други шампионати, а битката на крајот на сезоната е иста. Подготвен сум за тоа, можам да се потпрам на Марк Вебер, но клучно ќе биде како ќе се справам со притисокот, како ќе возам и како ќе реагирам на сè што ќе следи.Многу е важно што сум дел од добар тим, имам доверба во тимот, во Марк исто така, и не можам да дочекам да видам што ќе се случи“, изјави Оскар Пјастри.