Top Sport

Оскар Пјастри во тајност го тестирал Мекларен

Оскар Пјастри ги имал првите тест-возења во својот нов Формула 1 тим, Мекларен. Оваа ексклузивна информација ја објави францускиот магазин „Ауто Ебдо“, кој наведува дека станува збор за дводневна сесија на пистата „Пол Рикар“.

Австралиецот првиот ден возел по скратена патека долга 3,8 километри, а вториот на оригиналната долга 5,8 километри.

Репортерот од местото забележал и дека Пјастри возел во костум на Мекларен со логоа на новите спонзори.

Тестирањето на Пјастри се уште не е потврдено ниту во Мекларен, ниту во Алпин, а до овој момент на социјалните мрежи нема фотографии од овој настан.

До крајот на годината Пјастри е член на Алпин, а британскиот тим е свесен дека не може да го очекува побрзо во „својата штала“, за евентуално да вози за Мекларен на првиот слободен тренинг пред последната трка. на сезоната во Абу Даби.

Пјастри стана предмет на жестока расправија меѓу Алпин и Мекларен, бидејќи самиот возач најави дека нема да вози за францускиот тим на местото на Фернандо Алонсо, кој изненадувачки реши од наредната сезона да вози во Астон Мартин.

Извршниот одбор на Формула 1 одлучи дека Алпин нема договор со Пјастри за следната година и дека е слободен да потпише за Мекларен.

Кај Зак Браун, австралискиот дебитант, кој веќе има титули во Формула 3 и Формула 2, доаѓа на местото на Даниел Рикиардо, кому договорот му беше раскинат една година порано, поради лошата форма и резултатите што ги бележи оваа сезона.

Scroll to Top