Top Sport

От Танак е првиот естонски рели ВРЦ шампион!

Возачот на Тојота, От Танак стана првиот Естонец со титулата од Рели ВРЦ шампионатот по Каталонското рели во Шпанија.

Второто место во Шпанија беше доволно да се обезбеди титулата за Танак и неговиот со-возач Мартин Јарвеоја по неговите победи во Шведска, Чиле, Португалија, Финска, Германија и Велс, со што ја прекина доминацијата на француските возачи – пред него шампиони 13 години беа Себастиен Леб (9 титули) и Себастиен Ожие (4 титули).

„Ова е остварување на мојата животна цел. Мајка ми вчера ми кажа: ’Ако От сака нешто, тогаш ќе направи да биде така’. И го направив тоа“, вели 32-годишниот Танак.

Танак дебитираше во ВРЦ на Португалското рли во 2009 година, а својата прва победа ја оствари на Италијанското рели во 2017 година. Таа година, исто како и лани, тој беше трет во генерален пласман зад Тјери Нојвил и шампионот Себастиен Ожие.

Scroll to Top