Top Sport

Откако Макс го нарече „глупав идиот“, Хамилтон бара повеќе респект

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон вели дека Ф1 возачите мора повеќе да се почитуваат меѓу себе откако пред две недели во Тексас, неговиот лут ривал за титулата, Макс Ферстапен го нарече „глупав идиот“.

Ферстапен, кој има 12 поени предност пред Хамилтон на пет трки до крајот на сезоната, почнувајќи со Мексиканското ГП овој викенд, беше лут што Хамилтон со неговиот Мерцедес го помина од внатрешната страна на тренингот во Тексас, по што го нарече идиот преку радиото, но и му покажа среде прст. Хамилтон не е воодушевен.

„Тука сум долго време, ова е е моето прво родео. Мислам дека во основа, мора да има почитување. Кога ќе слушнам какви работи кажуваат некои возачи, помислувам дека не гледаат деца на кои сме им инспирација. Се обидувам да останам позитивен и смирен и да имам почит кон возачите кои се борам. Ако имам име во главата со кое мое да ги наречам, не го споделувам тоа. Мене ми е лесно, ќе се насмееш и одиш напред“, вели Хамилтон.

Тој исто така се спротистави на сопствениот шеф од Мерцедес, Тото Волф, кој изјави дека во борбата за титулата може да има судир меѓу двајцата.

„Не сум прочитал што кажал Тото, но се сомневам дека би дал таков пример. Никогаш не сме освоиле титула така и не би сакале. Тука сум да победам на вистински начин – со умешност, посветеост и напорна работа. Да се победи со достоинство или да се загуби со достоинство“, додава Хамилтон.

Ферстапен му покажал „среден прст“ на Хамилтон и го нарекол „идиот“

Scroll to Top