Top Sport

Откажана е Големата награда на Франција

Организаторите на трката за Големата награда на Франција потврдија дека годинешната трка што требаше да се вози на патеката „Пол Рикар“ е откажана.

Големата награда на Франција требаше да се вози на 28 јуни, но бидејќи француската влада наложи откажување на сите големи спортски настани до средната на јули, организаторите мораа да ја откажат трката.

Ова е вкупно десетта трка во календарот која мораше да биде одложена или откажана.

Ерик Булие, директорот на трката, рекол дека фокусот на организаторите сега се насочува кон 2021 година со надеж дека тогаш нема да има никакво проблем да се вози трката.

Следната трка која е на програмата е на 5 јули во Австрија.

Надлежните во оваа земја биле подготвени да ја одржат трката без присуство на публика.

Scroll to Top