Она што се најавуваше дека Големата награда на Австралија ќе биде одложена во петокот доби официјална потврда. Поради опасноста од ширењето на вирусот „Ковид-19“, ФИФА објави дека трката е откажана.
Во текот на вчерашниот ден во Мелбурн владееше вистинска драма. Најмрпви Мекларен објавија дека нема да се натпреваруваат, потоа се огласи и Луис Хамилтон, а на крајот излезе информација дека Кими Раиконен и Себастијан Фетел се вратиле дома.
Поради целиот хаос во Мелбурн и безбедноста на учесниците и навивачите ФИА реши да ја откаже трката за Големата награда на Австралија.