Трката за Големата награда на Индија во Мото ГП шампионатот, која требаше да се вози од 20 до 22 септември, е откажана, соопштија организаторите.
Како што се додава, во тој период ќе се вози и трката во Казахстан, која требаше се вози на од 14 до 16 јуни, но беше одложена поради лошите временски услови.
Организаторите изјавија дека овогодинешната трка во Индија е откажана од „оперативни причини“, но дека ќе се вози следната година.
Со откажувањето на ГН на Аргентина на почетокот на април, календарот на Мото ГП моментално има 20 трки, од кои шест се веќе одржани.