Top Sport

Откажани три трки во Ф1

Формула 1 поради пандемијата на коронавирусот мораше да откаже уште три трки. Оваа година нема да се возат трките во Сингапур, Азербејџан и во Јапонија.

Трката за Големата награда на Јапонија е откажана поради постоечките ограничувања за патувањата, додека трките во Сингапур и Азербејџан, како што наведоа од Формула 1, се откажани бидејќи станува збор за улични трки кои бараат конструирање на патеките по улиците што одзема премногу време.

Сезоната во Формула 1 требаше да започне на 15 март во Австралија, почетокот е одложен поради коронавирусот.

Според планот првата трка во новата сезона ќе се вози на 5 јули во Австрија.

Ф1 и ФИА објавија дека осум трки се сигурни, сите ќе се возат во Европа, засега во календарот последна трка е во Монца на 6 септември.

Од Формула 1 се надеваат дека ќе можат оваа година да организираат 15 трки. Комплетниот календар треба да биде објавен по првата трка во Австрија.

Scroll to Top