Top Sport

Ожие доминантен во Монте Карло за отварање на сезоната (видео)

Французинот Себастиен Ожие ја отвори одбраната на титулата во рели ВРЦ шампионатот со убедлива победа на Монте Карло релито, одбележено со многу инциденти.

До 41. победа во кариерата, возачот на М-Спорт Форд стигна откако во последниот ден имаше 33.5 секунди пред От Танак (Тојота), предност која беше доволна за триумф. Пред последната етапа тој ја зголеми предноста и по четири дена акција Танак беше втор со 58.3 секунди послабо време. Финецот Јари-Мати Латвала беше трет со 1:52 заостанување.

Ожие лани дојде во тимот на М-Спорт откако освои четири титули во низа со Фолскваген, но германската компанија се повлече од шампионатот по скандалот со дизел-моторите. И покрај тоа, со послаб автомобил тој лани повторно стигна до титулата.

Овојпат, Ожие победи во само четири од 17-те етапи на релито, но имаше одличен старт по кој ривалите не успеаја да го совладаат.

Следното рели на календарот е снежното рели во Шведска од 15 до 18 февруари.

Scroll to Top