Top Sport

Вагнер му постигна гол на ексклубот со пенисот (видео)

Баерн Минхен во саботата навечер со 5:2 го совлада тимот на Хофенхајм, во меч во кој Сандро Вагнер, кој пред неколку дена го направи трансферот од Хофенхајм во Баерн, го постигна последниот гол за тимот.

Баерн водеа со 4:2, кога Вагнер влезе во 85. минута од мечот, но веднаш одлично реагираше и постигна гол – за кој подоцна призна дека го постигнал со пенисот!

„Можеби и мојот пенис одигра улога. Не сум сигурен. Се случи многу бргу, но беше многу пријатно“, изјави Вагнер за „Билд“.

Сега тој може да се пофали дека му го покажал пенисот на својот поранешен тим.

Scroll to Top