Top Sport

Ожие со победа на Сардинија го зголеми водството во генерален пласман

Светскиот шампион во Рели ВРЦ, Французинот Себастиен Ожие стигна до убедлива и изненадувачка победа на Сардинија релито во Италија, за да го зголеми своето водство во генерален пласман.

Ожие предводеше 1-2 победа за Тојота Јарис, пред Велшанецот Елфин Еванс, за да го зголеми водството во генерален пласман на 11 поени по пет од 12 предвидени трки. Нему му се даваа малку шанси за победа, посебно бидејќи во петокот стартуваше како прв (поради генералниот пласман) и делуваше како „чистач“ за своите ривали.

Но, тој заврши само половина минута зад Естонецот От Танак во Хјундаи и во саботата со низа најдобри времиња ја чекаше својата шанса, која дојде откако Танак се судри со карпа. Еванс на крајот заврши со 46 секунди заостанување зад Ожие, додека трет беше Тјери Нојвил за Хјундаи.

„На почетокот си мислевме дека е подобро да си останевме дома. Но, автомобилот беше одличен и успеавме да се вратиме на врвот“, изјави Ожие.

Scroll to Top