Оскар Пјастри победи во спринтот пред Големата награда на Катар, а Макс Ферстапен ја одбрани шампионската титула. Холанѓанецот им се приклучи на Аиртон Сена, Ники Лауда, Џеки Стјуарт и Џек Брабам како трикратни светски шампиони. Повеќе титули од нив освоија Ален Прост и Себастијан Фетел по четири, Хуан Мануел Фанџо пет и Михаел Шумахер и Луис Хамилтон по седум.
Спринтот во Катар беше исклучително возбудлив, поради инцидентите безбедносното возило три пати излегуваше на патеката. Во првите шест круга возилото за безбедност два пати беше на патеката по излетувањата на Лијам Лосон (Алфа таури) и Логан Сарџент (Вилијамс). Потоа уште еднаш кога од трката испаднаа Серхио Перез (Ред Бул) и Естебан Окон ( Алпин).
Возачите тргнаа со различни стратегии, па долго време лидер беше Џорџ Расел кој стартуваше на софт пенвматици. Кога тие пневматици „останаа без живот“, го поминаа оние кои стартуваа на медиум.
Оскар Пјастри, Макс Ферстапен и Ландо Норис. Расел заврши на четвртото место, пред тимскиот колега Луис Хамилтон кој стартуваше од 12. позиција и возачите на Ферари Шарл Леклер и Карлос Саинц, а последниот бод го освои Алкес Албон на Вилијамс.
Утре на програмата е Големата награда на Катар.