Top Sport

Папарацо фотографии на Шумахер продадени за еден милион фунти

Повеќе од шест години поминаа од денот кога Михаел Шумахер на скијање во француските Алпи доживеа тешка повреда на главата. Инцидентот се случи на 29 декември 2013 година.

Кацигата му го спасила животот на седумкратниот шампион во Формула 1, но не успеала да го спаси од тешките повреди. Од моментот кога беше префрлен во болница до денес речиси и да нема информации за неговата здравствена состојба.

Информациите кои од време на време ќе се појават во медиумите се во домен на шпекулациите.

Таква една шпекулација се појави деновиве во „Мирор“. Овој извор тврди дека Шумахер бил фотографиран минатата година во во Женева. Потоа „непозната“ особа успеала да ги извади фотографиите од неговиот дом. Тие фотографии биле пордадени за еден милион фунти (1,17 милиони евра).

Корина Шумахер, сопругата на славниот возач, го пријавила случајот во полиција и побарала да бидат преземени соодветни мерки против лицето кое ја нарушило „нејзината приватност и приватноста на семејството“.

Токму поради овој случај семејството решило да не излегува со информации во јавноста околу здравствената состојба на Шумахер.

Инаку, Никола Ачиари, невро-хирург од престижната клиника во Болоња во изјава за „Мотоапорт“, ги предупредил фановите на Шумахер дека нивниот идол не е онаков каков што го паметат.

„По шест години Михаел Шумахер не е лик каков што го памтиме кога возеше. Иако долг период е на медицински третман многу работи на неговото тело се сменија – од органите, преку коските, до мускулите. Тое е резултат на оштетувањето на мозокот“, рекол Ачиари.

Scroll to Top