Top Sport

Трипл-дабл на Леброн, Далас пресилни за Лилард (Видео)

Изминатата ноќ во НБА лигата победи забележаа кошаркарите на Далас Маверикс, Лос Анџелес Лејкерс и Вашингтон Визардс. Блескаа Лука Дончиќ, Демијан Лилард, Леброн Џејмс и Бредли Бил.

Далас забележаа победа во дуелот со Портланд 133:125. Изборот во првата петорка на Ол-стар натпреварот Дончиќ ја прослави со 27 поени, шест скока и девет асистенции. На спротивната страна Лилард постигна 47 поени.

ЛА Лејкерс славеа во Бруклин 128:113. Леброн Џејмс постигна уште еден трипл-дабл (27 поени, 12 скока, 10 асистенции). На спортивната страна неговиот поранешен соиграч од Кливленд, Кајри Ирвинг реализираше 20 поени.

Вашингтон го победи Кливленд 124:112. Бил ги предводеше Визардс со 36 поени, додека кај Кавилирс се истакна Колин Секстон со 29 поени.

Scroll to Top