Top Sport

Папата ја „благослови“ Формула Е! (галерија)

Формула Е шампионатот на електрични болиди подолго време планира да биде вистински ривал на Формула 1, а овојпат на своја страна го донесоа и папата Франциск.

Папата го благослови шампионатот, откако претставниците на Формула Е ја посетија неговата резиденција во Санта Марта пред првата трка на улиците на Рим на 14 април.

Покрај основачот и шеф на Формула Е, Алехандро Агаг, возачите и претставниците на тимовите добија посебен благослов пред стартот на шампионатот.

Трката во Рим се седма од ФЕ шампионатот.

Scroll to Top