Top Sport

Голот против Стоук му е „вратен“ на Хери Кејн, сега е на четири до Мо Салах (видео)

Жалбата на Хери Кејн и Тотенхем до Фудбалската асоцијација (ФА) за вториот гол во саботниот 2:1 триумф над Стоук сити е усвоена, што значи дека британската гол-машина има 25 гола оваа сезона во Премиер лигата.

Голот беше официјално припишан на Кристијан Ериксен во текот на мечот, но Тотенхем ја поддржаа жалбата на Кејн, кој тврдеше дека ја допре топката, и Премиер лигата го усвои тоа.

„По сослушувањето на фудбалерот и разгледување на снимките, комисијата од тројца члена се согласи дека последниот допир бил на Кејн“, се вели во соопштението.

Кејн со своите 25 гола е на само четири од Мохамед Салах од Ливерпул во трката за „златната копачка“ и верува дека може да го стигне Египќанецот.

„Верувам дека можам. Има уште шест натпревари до крајот на сезоната и морам да се фокусирам на тоа што можам јас да го направам. Би било прекрасно да ја освојам ‘златната копачка’ повторно“, вели Кејн.

Од друга страна, Салах очигледно не беше воодушевен од вестите, ако се земе во предвид неговата објава на Твитер.

Scroll to Top