Патрик Хед, ко-основачот на тимот на Вилијамс и легендарен технички директор во 1980-тите и 1990-тите години, вели дека промените најавени во Формула 1 во 2021 година се „чекор назад“ за сите љубители на инженерските достигнувања во спортот.
Со предвидените промени за 2021, покрај пошироките 18-инчни гуми и ограничувањето на буџетот, се предвидува и поедноставување на дизајнот на болидите за да се израмнат нивните перформанси.
Според 73-годишниот Хед, ова е разочарувачки за тие кои сметаат дека Ф1 мора да биде „врвот на технологијата и инженерингот“, но признава дека мора да се направат промени.
„Од инженерска гледна точка, се работи за голем чекор назад, за жал. Но, спортот стана премногу скап и разликата меѓу врвните тимови и тие назад стана огромна. Потребно е да се има повеќе тимови кои ќе се борат за победа. Не е фер да се каже дека спортот станува полесен, бидејќи умните инженери секогаш ќе најдат начин да направат разлика. Но, веќе ја нема таа слобода со која порано се гордееше Формула 1“, вели Хед за „Аутоспорт“.