Мерцедес Ф1 доминира во спортот веќе пет години, во кои ривалите од Ферари и Ред бул едноставно не успеваат да се справат со доминантниот германски тим.
Надежите се дека оваа година, со брзиот болид на Ферари покажан на тестирањето во Барселона дека ситуацијата ќе се смени, но возачот на Рејсинг поинт, Серхио Перез ги предупредува сите да не се „залетуваат“.
Во вториот еднонеделен тест, Мерцедес на „Каталуња“ го донесе „Б“ болидот, за кој нивните инжинери зборуваа дека има промена на „секоја аеродинамичка површина“. Многумина сметаа дека ова е реакција на брзината на Ферари, но Мексиканецот Перез има поинаква теорија.
„Да, сите видовме дека Ферари изгледаа многу добро во Барселона. Но, можеби Мерцедес не ги покажаа сите свои карти. Мене ми беше многу чудно што донесоа два различни болиди на тестирањето. Можно е да имаат дизајнирано два болиди за различни типови на патеки. Гледаме многу чудни работи во Ф1, така што тоа не би ме изненадило, посебно со буџетот кој го имаат“, вели Перез за „Марка“.