Top Sport

Перез повторно позитивен, Хилкенберг ќе се трка во Силверстоун

Нико Хилкенберг ќе биде возач на Рејсинг поинт на одбележувањето на 70-годишнината на Формула 1 во Силверстоун во недела, откако Мексиканецот Серхио Перез повторно имал позитивен тест на корона вирусот, потврди тимот.

32-годишниот Германец беше повикан како замена за Британското ГП на истата патека минатиот викенд, но не стартуваше поради проблем со моторот.

„Тестот на Серхио повторно е позитивен и тој ќе ги следи препораките на здравствените работници, иако се наоѓа во добра физичка форма и нема симптоми“, велат од тимот.

Scroll to Top