Top Sport

Пет Фрај ќе го „вади од кал“ Мекларен

Поранешниот шеф на инженеринг, Пет Фрај се врати во Мекларен, во обид на вториот најуспешен Ф1 тимо во историјата да му помогне да се врати во врвот по повеќе години очајни перформанси.

Фрај работеше во Вокинг од 1993 до 2010 година, период во кој освојуваа титули со Мика Хакинен и Луис Хамилтон, пред да замине во Ферари како заменик шеф на тимот. Тој замина од Маранело во 2014 година и последен пат работеше како советник на Мејнор, тим кој сега не постои.

„Пет Фрај се враќа кај нас. Тој ќе работи со Андреа Стела, кој ќе биде одговорен за проектот, а Фрај ќе биде негов партнер. Двајцата работеа заедно во Ферари и добро се познаваат“, вели шефот на тимот, Зек Браун.

Претходно, Мекларен потпишаа договор со Џејмс Кеј од Торо росо како технички директор, но тој ќе пристигне по завршувањето на договорот со Ред бул. Во април, од позицијата технички шеф си замина Тим Гос, додека во јули замина и тркачкиот директор Ерик Булие.

Тимот следната година ќе има целосно нов тркачки тим – Фернандо Алонсо заминува од Ф1, додека Штофел Фандорне нема да добие нов договор. Карлос Саинс Јуниор доаѓа од Рено како лидер на тимот, а Мекларен веруваат дека го имаат и „новиот Луис Хамилтон“ во 18-годишниот Британец Лендо Норис.

Scroll to Top