Top Sport

И Геце и Ширле со мерак на јахта (галерија)

Марио Геце и Андре Ширле не се најдоа на списокот на Јоаким Лев за мечевите против Франција и Перу, и наместо тоа, германските фудбалски ѕвезди решија да го продолжат одморот на Мајорка со своите подобри половини.

Напаѓачите на Борусија Дортмунд (Геце) и Фулам (Ширле) изгледаа тотално опуштени на јахтата. Геце беше во друштво на сопругата Ан Катрин, додека покрај Ширле беше неговата девојка Ана Шарапова.

26-годишниот Геце има само еден настап со Дортмунд оваа сезона додека полека се враќа во форма, а Ширле се врати во Премиер лигата со новиот прволигаш Фулам.

Scroll to Top