Поранешниот Формула 1 возач, Виталиј Петров нема да биде стјуард на Португалското ГП откако руските медиуми објавија дека неговиот татко Александер Петров, заменик претседател на советот на градот Виборг и бизнисмен бил застрелан во неговиот дом.
36-годишниот Петров првпат беше избран да биде еден од четирите стјуарди кои ги одредуваат казните на трката во Португалија, а неговото ангажирање предизвика контроверзи, откако тој јавно се спротистави на кампањата Black Lives Matter и за поддршката на ЛГБТ движењето.
Неговото место во панелот ќе го пополни возачот на безбедносното возило во Формула Е шампионатот, Бруно Кореа.