Top Sport

Петручи прв пат се искачи на подиумот на релито Дакар

Дебитантот на релито Дакар, Данило Петручи, дојдо до својот прв подиум на најпознатото светско рели. Петручи, четвртата етапа во должина од 464 километри, од Ал Касимах до Ријад, ја заврши на третото место.

Четвртата етапа во конкуренција на мотоциклистите, ја освои Џоан Бреда, оред Чилеанецот Пабло Кинтанил.

Во генералниот пласман води Сам Сандерленд со три минути предност пред Матијас Вокнер.

Кај автомобилистите блеска Катарецот, Насер Ал-Атијах. Тој победи со 25 секунди предност во однос на Себастијан Леб и 52 секунди во однос на Карлос Саинц.

Ал Атијах води во генералниот пласман со предност од 38 минути во однос на Леб.

Scroll to Top