Поранешниот Ф1 шампион, Нелсон Пике вели дека Фернандо Алонсо самиот е виновен за неуспехот во последните сезони.
Алонсо стана најмладиот двократен Ф1 шампион во 2006 по двете титули со Рено, но оттогаш не успеа да додаде ниту еден трофеј со Рено, Ферари и Мекларен.
„Фернандо Алонсо можеше да биде петкратен шампион, но реалноста е дека секогаш има мешаница каде што оди тој. Тој е фантастичен возач, но исто така возач кој генерира проблеми и на крајот сите заминуваат од тимот. Многу е тешко да се работи со неговата политика. Тој сака веднаш да победува, и тој притисок не носи најдобра атмосфера“, вели Пике.
Пике исто така не верува дека Алонсо е најдобриот возач моментално во Ф1.
„Не мислам дека Алонсо е подобар од Луис Хамилтон на пример. Двајцата се доста израмнети“, додава Пике.
Интересно, синот на Пике, Нелсон Пике Јуниор беше клупски колега на Алонсо во Рено, кога беше вклучен во скандалот „Крешгејт“ – шефот на тимот Флавио Бриаторе му нареди на Пике Јуниор да се судри на Синагпур ГП трката за да помогне Алонсо да победи.