Top Sport

Пирели останува единствен снабдувач на гуми во Ф1 до 2023 година

Италијанската компанија Пирели останува единствен снабдувач на пневматици во Формула 1 шампионатот, откако го продолжи договорот со ФИА и со Либерти медија до 2023 година.

Пирели е единствен снабдувач на гуми во спортот од 2010 година, кога се повлече јапонскиот производител Бриџстоун. За новиот договор, Пирели се обврза дека ќе работи на новите технички регулативи со воведување на гуми од 18 инчи во 2021 година.

„Пресреќни сме со овој договор, кој ни гарантира долгогодишна стабилност за толку важен дел во Ф1“, вели претседателот на Ф1, Чејс Кери.

Со ова се става крај на надежите на Ф1 фановите дека со воведување на конкуренција кај гумите ќе се донесе поголема конкурентност и возбуда.

Scroll to Top