Top Sport

Пјастри со брутален круг до пол-позицијата за спринт трката во Белгија

Оскар Пјастри од пол-позицијата ќе ја стартува спринт трката на патеката Спа Франкошамп во Белгија. Лидерот во генерланиот пласман со со брутален круг ја освој првата стартна позиција.

Кругот со кој Пјастри ја освои пол-позицијата е со време 1.40.510 минути. Австралиецот за половина секунда зад себе го остави актуелниот шампион Макс Ферстапен, а за шест десетинки беше подобар од тимскиот колега Ландо Норис.

Спринтот од вториот ред, веднаш до Норис ќе го започне возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Брилијантни квалификации имаа возачите на Хас, Естебан Окон ќе стартува од петтото, а Оли Бернман од седмото место. Меѓу нив е возачот на Вилијамс, Карлос Саинц јуниор.

Во Топ 10 на стартото ќе бидат Пјер Гасли (Алпин), Исак Хаџар (Рејсинг Булс) иГабриел Бортолено (Заубер).

Најголемото разочарување во квалификациите се Луис Хамилтон и возачите на Мерцедес. Хамилтон ќе стартува од 17.позиција, Џорџ Расел од 13-та, а Андреа Кими Антонели во последната позиција.

Спринт трката се вози утре во 12 часот, а четири часа подоцна на програмата се квалификациите за главната трка.

Foto/ McLaren Media

Scroll to Top