Top Sport

По 102 дена неактивност, Формула 1 болид излезе на патека

По 102 дена неактивност поради пандемијата на корона вирусот, денеска конечно на патека излезе еден болид, откако шампионите Мерцедес тестираа на патеката Силверстоун во Велика Британија.

Валтери Ботас го возеше Мерцедес В09 болидот на „протоколарен“ тест во Силверстоун во првиот од двата дена тестирање, што беше прва Ф1 активност откако 10-те тима го комплетираа зимското тестирање во Барселона на 28 февруари.

Тестот е задолжен да ги подготви Ботас и неговиот колега Луис Хамилтон (кој ќе вози утре) по долгата неактивност, и претставуваше шанса персоналот на тимот да се запознае со новите протоколи кои ќе се применуваат на Формула 1 трките оваа сезона. Сите членови на тимот ќе мораат да носат маски на лицето, вклучувајќи ги и возачите додека се надвор од болидот без кацигите.

Со болид стар најмалку две години (според спортските регулативи), Ферари ќе комплетираат свој тест во Фиорано од 22 јуни со Шарл Леклер и Себастијан Фетел.

Scroll to Top