Top Sport

По последните квалификации, емотивниот Фетел ги натера сите да трчаат

Себастијан Фетел признаваа дека неговата последна квалификациска сесија во Формула 1 кариерата била „малку емотивна“, откако тој го постави својот најдобар резултат оваа година, со 9. место за Астон Мартин на Абу Даби ГП.

Германецот има само уште еден ден од својата блескава кариера во која од 2007 година освои четири светски титули, а по вечерата со сите возачи (на која Луис Хамилтон ја подмири сметката), денеска во негиот бокс беше неговиот татко, Норберт.

„Уште сум во зоната, но пред квалификациите беше многу емотивно. Сигурен сум дека утре ќе имаме гоолем ден. Мислам дека беше нешто посебно да влеземе во третте квалаификации. Пред нас имаме и задача – да ги победиме Алфа Ромео и да се избориме за шестото место во генерален пласман. Има необична емотивна атмосфера овој викенд, но кога ќе влезеш во болидот мислиш само на едно“, вели 35-годишниот Германец.

Како дел од неговите социјални активности, тој по квалификациите организираше трка „Трчајте со Себ“, во која го натера да учествува дури и шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

Scroll to Top