Top Sport

По само една трка Рено разочарани од Рикардо: Не го даде тоа што го очекувавме

Шефот на Рено, Сирил Абитебул вели дека е разочаран од перформансите на Даниел Рикардо, откако во неговата прва трка за францускиот тим тој се откажа од Австралиското ГП минатиот викенд, и тој признава дека очекувал повеќе од возачот кој зад себе има 7 ГП победи.

Рикардо по сезоната 2018 неочекувано направи трансфер од Ред бул во Рено, што според многумина беше чекор наназад за Австралиецот. Во Мелбурн тој имаше лош викенд – беше само 12. на квалификациите зад колегата Нико Хилкенберг, по што на стартот на трката излета на тревата и го скрши предното крило.

„Да бидам искрен, не можам да кажам дека Даниел ни го даде тоа што го очекувавме од него, како возач кој победувал на трки. Ова беше викенд со ниски делови, освен неколку добри кругови на слободниот тренинг, но тој не важи ништо. Сите мораме да бидеме подобри. Кога ќе смените возачи морате да направите неколку чекори назад, пред да тргнете напред. Тоа се случува и со нас“, вели Абитебул.

Scroll to Top