Top Sport

Гигс му врати на Ибрахимовиќ: Секако, Златан знае повеќе од нас за Манчестер јунајтед

Златан Ибрахимовиќ честопати зборуваше за своето (пријатно) искуство во Манчестер јунајтед, каде што навивачите бргу го засакаа иако тој одигра само сезона и пол во дресот на „црвените ѓаволи“.

Меѓутоа, коментарите на Швеѓанецот околу „класата од 1992 година“ и нивното влијание во клубот го налутија рекордерот по бројот на настапи во клубот, Рајан Гигс. Ибрахимовиќ смета дека Пол Сколс, Гигс, Ники Бат, Дејвид Бекам и браќата Гери и Фил Невил се „постојано на ТВ и се жалат за Јунајтед, но всушност тоа е само бидејќи не се активни во клубот“.

Гигс оваа недела се врати во Керингтон, тренинг-центарот на Јунајтед, каде што Велс ќе играат пријателски меч со Тринидад и Тобаго и во интервју за ЕСПН му врати на Ибра.

„Само Ники Бат е поврзан со клубот сега, но кога ќе играш 2.000 натпревари (поточна бројка е 3.450), тогаш нормално дека ќе имаш мислење за Јунајтед. Понекогаш позитивно, понекогаш негативно, но тоа не влијае на резултатите. Ние сме навивачи. Тоа е фудбалот, да имаш различни мислења. Но, очигледно Ибрахимовиќ мисли дека знае повеќе за клубот од нас“, вели Гигс.

Scroll to Top