Џони Дамфрис, колегата на Аиртон Сена во Лотус од 1986 година и шампионот од 24 Часа Ле Ман две години подоцна, почина по кратка болест на само 62 години.
Дамфрис е роден како Џон Кричтон-Стјуарт, ерл од Дамфрис од аристократско семејство, но се откажа од титулата и прво го смени името во Џони Бјут во неговата тркачка кариера. Тој ја доби првата шанса во Ф1 во 1986 година како колега на Сена во Лотус и освои само 3 поени во споредба со 55 на Бразилецот.
По ова, тој се концентрираше на трките во Ле Ман, остварувајќи победа во 1988 година со Јагуар со Енди Волис и Јан Ламерс.
По смртта на неговиот татко во 1993 година, Дамфрис ја наследи титулата, 7 маркиз од Бјут и беше одговорен за семејниот траст.