Top Sport

Таткото на Ѓоковиќ се жали: Како е возможно Федерер 15 пати да биде најфер играч!

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, повторно даде интервју во кое тврди дека тениската елита е „контра“ неговиот син, што најдобро го покажува тоа што тој никогаш не ја освоил наградата „Штефан Едберг“ на АТП за најфер тенисер во една календарска година.

Во интервју за хрватскиот весник „Јутарњи“, Срѓан Ѓоковиќ вели дека се работи за нарушување на стариот поредок.

„Во текот на целата кариера тој во односот со домаќините и противниците покажа дека е пред се добар човек, добар дечко. Кој освен Новак го гушка противникот и му вели браво, секоја чест. Новак секогаш го прави тоа. И колку пати ја доби АТП наградата за ферплеј, а колку Федерер? Па едно 15 пати. Страшно“, вели Срѓан Ѓоковиќ.

Тој исто така се осврна на Австралија опен, каде што Ѓоковиќ ја освои 18-тата гренд слем титула во кариерата и 9-та на турнирот во Мелбурн, но беше во центарот на вниманието поради контроверзните „барања“ додека беа во хотелска изолација, и наводното „лажирање“ на повреда.

„Тие навиваа против осумкратниот шампион во Мелбурн. Но, видете, Новак е ментална громада и не може да му направите ништо кога е концентриран. Зошто во Кина игра најдобро? Таму чувствува љубов и приврзаност, во Индија е бог, исто како во Јужна Америка и Африка. Па не е западниот свет цел свет“, додава постариот Ѓоковиќ.

Срѓан Ѓоковиќ: Федерер е голем шампион, но ‘мал’ човек

Таткото на Ѓоковиќ претера: Ноле е пратен од Бога!

Scroll to Top