Top Sport

Почина легендарниот Тони Брукс

Легендарниот британски Формула 1 возач Тони Брукс почина на 90-годишна возраст. Британецот забележа шест победи на трките во Формула 1 во текот на 1950-тите.

На дебито во Формула 1, како студент по стоматологија, славеше на трката за Големата награда на Сиракуза во 1955 година, трка која во тоа време не беше дел од шампионатот.

„Тој беше дел од посебна група возачи кои беа пионери и кои ги поместуваа границите во време на голем ризик. Ќе ни недостига и нашите мисли се со неговото семејство во овој момент“, напиша по повод смртта на Брукс извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали.

Првиот официјален триумф, Брукс го забележа на трката за Големата награда на Британија во Ливерпул во 1957 година.

Брукс важи за еден од најдобрите британски возачи, кој никогаш не освоил титула во Формула 1 шампионатот. Најдобар резултат му е втората позиција во генералниот поредок во 1959 година.

Scroll to Top