Top Sport

Навивач го испровоцира Дончиќ, Словенецот го држеа да не го нападне

Феникс максимално го искористи домашниот терен досега во полуфиналето на плеј-офот на Западната НБА конференција. И во вториот натпревар го победи Далас и поведе со 2:0 во серијата.

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше убедливо најдобар играч на Далас. Натпреварот го заврши со 35 поени, седум асистенции и пет скока, но сепак не можеше да го одведе неговиот тим до воведен успех во полуфиналето.

Движејќи се кон соблекувалната, видно разочаран од поразот, Дончиќ дополнително беше разгневен од навивач на Феникс кој му дофрлуваше. Словенецот тргна да се пресмета со навивачот, но за среќа, членови на стручниот штаб и обезбедувањето го задржаа и спречија потенцијален судир.

Scroll to Top