Неизвесно е дали во иднина ќе се вози трката за Големата награда на Мексико, откако на власт во оваа земја дојде Андрес Мануел Лопес Обрадор. Според медиумите, новиот шеф на државата, подготвувал радикални планови за економијата и политиката, што би можело да има големо влијание во одржувањето на трката.
Обрадор објавил дека ќе ги продаде луксузните недвижнини, дека ќе го откаже претседателскиот авион и дека за посетители ќе ги отвори портите на луксузната резиденција.
Големата награда на Мексико во календарот се врти во 2015 година, откако претходно во оваа земја 23 години не се возеше Фрмула 1. Актуелниот договор важи до 2019 година, кога според календарот трката треба да се вози на 27.октомври.
Ана Габриела Гевара (41) од Националната спортска комисија на Мексико објаснила дека во 2015 година трката била обновена благодарение на големата корумпираност.
„Корупцијата овозможи трката да се врати во Мексико. Многу луѓе примија поткуп само за да биде одобрено трката повторно да се вози на автодромот „Ерманос Родригез“, рекла поранешната успешна спортистка.
„Мораме да најдеме начин да излеземе од оваа ситуација. Ние сигурно нема да ги трошиме парите на даночните обврзници за да го поддржиме мексиканското гран-при. Во Мексико се случуваат лоши работи, голем број на луѓе живеат под границата на сиромаштијата“, рекла олимписката вице-шампионка и светска првенка на 400 метри.