Top Sport

Поддршка за Расел по најтажната фотографија од Имола

Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел доби поддршка од речиси сите свои Ф1 колеги откако 22-годишниот Англичанец направи глупава грешка и излета од неделната трка во Имола.

Расел направи некарактеристична грешка кога излета зад безбедносното возило во финишот на трката. Тој прво преку радиото се извини на својот тим, а потоа и на Инстаграм напиша долга објава.

„Тоа беше таква аматерска грешка, што не ми се веруваше што се случи. Чиста фрустрација на грешката. Поминав низ тешки моменти во кариерата, но никогаш не правев вакви детски грешки. Ова е најверојатно најголемата грешка во кариерата и се клоцам самиот себеси уште повеќе бидејќи во јуниорските серии со ваква грешка ќе добиев отказ“, вели Расел, кој пропушти да ја освои први поени во својата кариера.

Возачот на Хас, Роман Грожан, кој направи слична грешка на Азербејџанското ГП во 2018 веднаш го поддржа.

„Човеку го знам чувството. Ќе биде потребно време да заборавиш, но тоа што го правиш е мега. Продолжи така“, напиша Грожан.

И светскиот шампион Луис Хамилтон го пофали Британецот, за кој неодамна Фернандо Алонсо изјави дека е најголемиот талент меѓу младите возачи.

„Џорџ, го даде својот максимум. Океј е да се прават грешки и океј е да ја чувствуваш грешката. Јас направив повеќе грешки од што се сеќавам. Ти си одличен, дечко. Главата горе и продолжи вака“, додаде Хамилтон.

Scroll to Top