Top Sport

Сетиен до Меси: Ако не ти се допаѓа, знаеш каде е вратата!

Шпанскиот весник „Ел мундо депортиво“ открива детали за спектакуаларната караница која ја имале поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен и првата ѕвезда на тимот Лионел Меси, во која 61-годишниот тренер се обидел да го искористи својот авторитет.

Сетиен ја загуби работата по 8:2 поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, откако претходно дозволи Реал Мадрид да ги претекне за титулата во Ла лига, а Меси беше видно исфрустриран од тактиките на Сетиен, и честопати влегуваше во конфликт со него.

Според „Мундо“, по 2:2 ремито со Селта во јуни, Меси јавно се спротиставил на тактиката на Сетиен барајќи од него фудбалерите да добијат почит бидејќи освоиле повеќе од него.

„Ако не ти се допаѓа што кажав, знаеш каде е вратата“, му одговорил Сетиен, на што Меси почнал неконтролирано да се смее, тврди „Мундо“.

Сетиен неодамна првпат проговори за времето во Барселона и призна дека е „многу тешко“ да се работи со Меси.

Сетиен призна: Тешко е да му бидеш тренер на Меси

Scroll to Top