Top Sport

Подготвен уште еден отказ во Ф1

Како што пишуваат бројни медиуми, уште еден возач би можел да добие отказ во шампионатот на Формула 1. Алпин би можел да го замени Џек Дуан и да го промовира резервниот возач Франко Колапинто пред Големата награда на Емилија Ромања, која се вози во Имола од 16 до 18.мај.

Тоа би била втора промена на возачот оваа сезона откако претходно Јуки Цунода од Рејсинг Булс се пресели во Ред Бул, додека Лиам Лосон отиде во спротивна насока.

Дуан (22) досега не успеа да освои ниту еден поен во шесте трки од својата дебитантска сезона. Двапати не ја заврши трката, а има 13-то, 14-то, 15-то и 17-то место. Тој значително го оштети автомобилот во два наврати – на трка во Австралија и за време на тренингот во Јапонија.

Тимскиот колега на Дуан од Алпин, Пјер Гасли, исто така не се снаоѓа баш најдобро, но сепак успеа да освои поени на една трка. Тој заврши на седмото место на Големата награда на Бахреин. Алпин моментално е претпоследен во генералниот пласман на конструктори со седум бода, додека Кик Заубер е на последното место со шест.

Од друга страна, 21-годишниот Аргентинец Колапинто возеше во Вилијамс во последните девет трки од минатата сезона и остави добар впечаток, а неговиот најдобар пласман беше осмото место. Сепак, тој имаше и неколку големи несреќи, што малку му го наруши угледот.

Scroll to Top