Top Sport

Подготвени за славје! 5 километри редица пред Монца пред домашната трка на Ферари

Тифозите на Ферари, како и секоја година ќе направат вистинска фешта на Монца на Италијанското ГП денеска, кога се очекува 100-тина илјади навивачи да ја проследат една од највозбудливите трки на календарот.

Секако, атмосферата е „загреана“ и поради фактот што возачот на Ферари, Шарл Леклер стартува од пол-позицијата,  а неговиот ривал Макс Ферстапен е само седми по казната која ја доби за менување на моторот. Од раното утро, од 8 часот, пред влезот на „Аутодромо национале е Монца“ има редица од 5 километри и атмосферата, очекувано, ќе биде жестока.

Од Монца,
Ненад Цветанов

Scroll to Top