Top Sport

Пол-позиција за Бањаја во Мизано

Франческо Бањаја (Дукати) постигна најдобро време на денешните квалификации од Мото ГП шампионатот возени пред трката за Големата награда на Емилија Ромања на патеката во Мизано.

Италијанскиот мотоциклист имаше време од 1:33,045 минути.

Зад него се пласираа тимскиот колега Џек Милер, но и Лука Марини.

Редоследот е Пол Еспаргаро, Мигел Оливеира, Франко Морбидели, Марк Маркез, Икер Леукона и Данило Петручи.

Лидерот во генералнот пласман Фабио Квартараро денеска катастрофално возеше, па утре ќе стартува од 15. место.

Scroll to Top