Top Sport

Пол-позиција за Лоренцо, Довициозо веднаш до него

Возачите на Дукати, Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо, доминираа на денешните квалификации, во пресрет на трката за големата награда на Велика Британија. Дукати ги освои првите две места, а првиот ред го комплетираше Жоан Зарко од Јамаха Тех 3.

Променливите временски услови на патеката „Силверстон“ најдобро ги искористи Лоренцо. Шпанецот забележа време 2:10.155 минути што му беше доволно да ја освои пол-позицијата.

Неговиот клупски колега Довициозо имаше послабо време за 159 илјадити делови од секундата. Зарко, во последниот круг успеа да стигне до третото место, а како четврти трката ќе ја стартува Кал Крачлоу на ЛЦР Хонда. Лидерот во вкупниот пласман, Марк Маркез го освои петтото место во квалификациите.

Квалификациите во Силверстон беа кошмарни за екипата на Јамаха, откако Валентино Роси и Маверик Вињалес завршија на 11. и 12.место.

Трката за големата награда на Велика Британија ќе се вози в недела со почеток во 14 часот.

Scroll to Top