Top Sport

Пол-позиција за Ферстапен, но Ландо Норис го украде шоуто на Силверстоун

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната трка на Силверстоун. Ова беа веројатно најдобрите квалификации во сезоната бидејќи неколку возачи се менуваа на врвот во текот на трите дела од борбата за пол-позиција.

Во многу драматичен последен круг во кој решаваа десетинки, Ландо Норис беше на дофат на пол-позицијата, но иако не успеа, сепак, го украде шоуто и донесе многу радост за фановите на Мекларен.

Макс Ферстапен докажа уште еднаш дека е маестрален возач.

Оскар Пјастри заостана со феноменален резултат, а потоа се пласираа Шарл Леклер, Карлос Саинц, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Алекс Албон, Фернандо Алонсо и Пјер Гасли.

 

Scroll to Top