Стјуарт Прингл, шефот на патеката во Силверстон, каде се вози Големата награда на Велика Британија, изјавил дека оваа година трката во Формула 1 ќе се одржи пред полни трибини.
Според актуелниот распоред, трката во Силверстон, на програмата ќе биде на 18.јули. Во Англија месец дена претходно, ќе завршат епидемиолошките мерки, кои поради коронавирусот ги воведе владата на премиерот Борис Џонсон.
„Реално е трката да се одржи со присуство на публика. Трибините на Силверстон не се како на фудбалските стадиони. Нашите 70.000 места се распоредени на речиси пет километри. Имаме многу простор и сето тоа е на отворено. Се е отворено, но јасно ви е дека во овој момент само претпоставуваме дека тоа може да се случи“, рекол Прингл.
Откако владата на Велика британија, објави дека од 17.мај, ќе дозволи присуство на ограничен број на навивачи на спортските настани, организаторот ги пушти во продажба билетите за трката.