Top Sport

Барди поради повреда го пропушта дуелот со Атлетик Билбао

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, извесен период, поради повреда, ќе биде надвор од фудбалските терени.

Неговиот тим Леванте, потврди, фудбалерот го повредил мускулот на десната нога и дека нема да биде во комбинација за натпреварот со Атлетик Билбао, кој ќе се одигра во петок.

Прашање е дали Барди ќе биде подготвен за полу-финалниот реванш, против истиот тим, кој е на програмата наредната недела.

Ова е втора повреда која сезонава го оддалечува Барди, од фудбалските терени. Претходно, тој имаше повреда на грбот, поради која не играше два месеци.

Scroll to Top