Приходите на Формула 1 групацијата паднале во втората четвртина од 2018 година во споредба со минатата година, што значи дека приходите на 10-те Формула 1 тимови ќе бидат помали.
Вкупниот приход во периодот април-јуни падна за 5 отсто – од 616 милиони долари на 588 милиони долари, додека падот во парите за тимовите е 7 отсто – од 330 милиони на 307 милиони, односно за 23 милиони помалку.
Во овој период од сезоната немало намалување на бројот на трките (седум), но новите сопственици на Ф1, „Либерти медија“ велат дека падот е во парите од ТВ-правата. Шефот на Ф1, Чејс Кери не е незадоволен и посочува дека Ф1 отплатиле долг од 125 милиони долари, го продолжиле договорот со Белгиското ГП и склучиле нов договор со интернет-гигантот „Амазон“.