Top Sport

Ленокс Луис: Јасно е дека Џошуа не сака да боксува со Вајлдер

Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Ленокс Луис е разочаран што неговиот сонародник Ентони Џошуа нема желба да стане негов наследник бидејќи е „очигледно“ дека го избегнува американскиот ривал Дионтеј Вајлдер.

Иако Џошуа и неговиот промотер Еди Херн тврдеа дека Вајлдер го избегнува Британецот, Луис вели дека вината треба да се бара на друго место.

„Ако сака да биде најголемиот, нека му нареди на Еди Херн да направи мега-меч со Дионтеј Вајлдер. Тоа е моментот што ќе ја одреди неговата судбина. Нема сомнеж дека Вајлдер го сака мечот, и сака да покаже дека е најдобриот во оваа ера. Мене ми е јасно дека Џошуа не сака да влезе во рингот, бидејќи е јасно дека не прифаќа ниту 50 милиони долари. Јас никогаш не сум избегал од рингот.

Луис исто така вели дека ситуацијата го потсетува на таа од неговото време кога неговиот американски ривал Ридик Боув го фрли ВБЦ појасот во канта во Лондон наместо да боксува со него. Луис подоцна ја освои таа слободна титула.

„Боув направи сѐ да ме избегне, но јас не го дозволив тоа – му кажав на мојот менаџер Френк Мелоуни да направи сѐ што е потребно. Потоа Ридик требаше да влезе во рингот или да го ослободи појасот. Оскар де ла Хоја и јас бевме првите боксери кои сами си го ’теравме’ бизнисот и судбината. Ентони треба да го направи истото“, вели Луис, кој во рингот боксуваше со имиња како Ивандер Холифилд, Виталиј Кличко и Мајк Тајсон.

Scroll to Top