Поранешниот Формула 1 возач, Германецот Адријан Зутил го „здробил“ својот Мекларен Сена ЛМ супер-автомобил при сообраќајна несреќа во Монако, целосно уништувајќи го автомобилот кој чини над милион евра.
Иако деталите за несреќата не се познати, се верува дека Зутил немал никаква повреда при несреќата во која лимитираната едиција на автомобилот на Мекларен сериозно настрадала. Автомобилот со 800 коњски сили е верзија на Сена ГТР тркачкиот автомобил модифицирана за возење на градски улици и автопати.
Зутил помина седум сезони во Формула 1, возејќи за тимовите на Мидланд, Спајкер, Форс Индија и Заубер.
Ouch!
A rare and expensive McLaren Senna LM has had an oops in Monaco ??
Apparently owned by Adrian Sutil ?♂️ pic.twitter.com/Z8KWUbV6c0
— Zero2Turbo.com (@Zero2Turbo) July 26, 2020