Поранешниот светски шампион во Формула 1 Најџел Менсел продава на аукција повеќе од 300 предмети собрани во текот на неговата кариера.
Онлајн аукцијата се состои од цела низа „многу лични предмети“ од тркачката кариера на Менсел, кои досега се чуваа во неговиот музеј во Џерси, објави денеска Би-би-си.
Аукциската куќа Сотби ќе ја организира продажбата од 4 до 11 октомври.
Има повеќе од 300 предмети, вклучувајќи 32 кациги, 50 тркачки одела, 78 бејзбол капи и повеќе од 200 трофеи и награди.
Кацигата со која ја освои последната победа во Формула 1 би можела да достигне цена од 50.000 фунти, додека понудите за неговата табличка „5 NM“ би можеле да надминат 60.000 фунти.
„Колекцијата е многу лична за мене. Накратко, таа е материјална манифестација на најважните моменти во мојата кариера и претставува сè за што работев од моите тинејџерски денови до крајот на мојата тркачка кариера“, рече Менсел.
Тој го затвори својот музеј во 2019 година за да ослободи простор за други деловни потфати.
Менсел го освои шампионатот во Формула 1 во 1992 година. Тој постигна 31 победа, 32 пол-позиции и 59 пласмани на подиумот.