Top Sport

Порше и Ламборгини се повлекоа од можниот влез во Ф1 во 2021

Порше и Ламборгини ќе ја одбијат можноста да влезат во Формула 1, откако обидот за „ресетирање“ на Формула 1 од 2021 година на новите сопственици „Либерти медија“ не ги направи посакуваните ефекти.

Претседателот на ФИА, Жан Тод претходно тврдеше дека е поважно е да се задржат Мерцедес, Ферари, Рено и Хонда во спортот, отколку да се привлечат нови „марки“, но „Либерти медија“ тврдеа дека со нови правила со поефтини и поедноставни мотори ќе успеат да донесат израмнување на перформансите и привлекување на нови сили.

Според угледниот германски магазин „Ауто мотор унд спорт“, од матичната компанија на Порше, Фолскваген јасно порачаа дека „времето за влегување во Ф1 е погрешно“.

Ламборгини, каде што генерален директор е поранешниот шеф на Ферари, Стефано Доменикали со слична верзија го објаснуваат своето „отсуство“.

„Инвестицијата која е потребна само да се учествува е превисока, а да не зборуваме за победување. Спревисока, а да не зборуваме за победување. Сѐ додека во Ф1 има две класи на натпреварувачи, нема еднаков влез. Ламборгини сака да влезе за да победува, но приоритетите се различни. Ферари е марка родена во тркањето, но Ламборгини не е тоа“, вели Доменикали во интервју за „Ауто билд“.

Scroll to Top